Прескокни до содржината

Кафе преку денБар преку ноќ

Не служиме лошо расположение.

Фредо на терасата, еспресо на шанкот и маса за твоето друштво. Ѓорче Петров 3/1, секој ден од 08 часот.Кога ќе зајде сонцето, шанкот станува бар: signature коктели, Aperol и ладно Скопско. Ѓорче Петров 3/1, до полноќ.

Лошо расположение0 денНЕ СЕ СЛУЖИ
Еспресо во шолја на стаклена маса на терасата на Позитива Бар, со зелена ограда во позадина
Влезот на Позитива Бар навечер, со осветлениот зелен знак и балони од отворањето

Две смени, едно расположение

Од првото еспресо до последниот коктел.

08:00 до залез

Кафе преку ден

Еспресо, макијато и фредо на терасата покрај зелениот ѕид. Седни, полека, никој не брза.

  • Еспресо80 ден
  • Капучино120 ден
  • Фредо еспресо170 ден
Кафе мени

Од залез до 24:00

Бар преку ноќ

Signature коктели во шолја со лик на мајмун, класици со вистинска ангостура и ладно пиво за крај.

  • Drunk Monkey320 ден
  • Aperol Spritz240 ден
  • Moscow Mule290 ден
Коктел мени

Signature коктели

Пет коктели со потпис на нашиот шанк.

Измислени за долги вечери и уште подолги муабети.

Целото коктел мени

Програма за лојалност

Биди дел од нашата програма за лојалност

Секое 10-то кафе е на нас.

  1. 1

    Земи ја картичката

    Кликни на копчето или скенирај го QR-кодот со телефонот.

  2. 2

    Зачувај ја во телефонот

    Внеси име и број, па додај ја во Apple Wallet или Google Wallet.

  3. 3

    Собирај печати

    Покажи ја на шанкот при секое кафе. Десеттото го частиме ние.

Дигиталната картичка за лојалност на Позитива Бар во телефон, со печати во форма на шолји кафе
Мурал на жена со коса од зеленило и тркалезни очила со корални стакла, во ентериерот на Позитива Бар
Прошетај внатре

Ѕидот

Запознај ја Позитива.

Таа е првото нешто што ќе го видиш кога ќе влезеш: коса од зеленило, тркалезни очила со корални стакла и златни обетки. Мирна е, бидејќи кафето веќе си го испила. Седни до неа, сликај се и означи нѐ.

Означи нѐ на Instagram(се отвора во нов прозорец)

Зборот на денот

Речникот на Позитива.

Нашиот Instagram има свој речник. Еве неколку зборови од него.

Следи нѐ на Instagram(се отвора во нов прозорец)

Од серијата „Зборот на денот“ на @pozitivabar

Позитива, именка: Состојба што започнува со едно кафе и завршува со „А уште едно!“

1 / 4

Отворање, септември 2026

Благодариме на сите што дојдоа. Следната фотографија е твоја.

Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 1
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 2
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 3
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 4
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 5
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 6
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 7
Гости на отворањето на Позитива Бар, фотографија 8

Посети нѐ

Ѓорче Петров 3/1, Скопје.

Ѓорче Петров 3/1

1000 Скопје

+389 75 386 266

Работно време

Понеделник08:00 до 24:00
Вторник08:00 до 24:00
Среда08:00 до 24:00
Четврток08:00 до 24:00
Петок08:00 до 24:00
Сабота08:00 до 24:00
Недела08:00 до 24:00

Мапата се вчитува од Google Maps.

Прашања

Често поставувани прашања

Каде се наоѓа Позитива Бар?

На улица Ѓорче Петров 3/1 во Скопје (1000). Имаме шанк внатре и тераса надвор.

Кое е работното време?

Отворени сме секој ден од 08:00 до 24:00 часот.

Што служите?

Преку ден еспресо, фредо, лате, капучино, чај и топло чоколадо. Преку ноќ signature и класични коктели, пиво, вино и жестоки пијалоци.

Колку чини кафе?

Еспресото е 80 денари, капучиното 120, а фредо еспресото 170 денари. Целото мени со цени е на pozitivabar.mk/menu.

Како функционира картичката за лојалност?

Додаваш бесплатна дигитална картичка во телефонот и добиваш печат за секое кафе. Секое 10-то кафе е на нас.

Кои се signature коктелите?

Drunk Monkey, Parrot's Kiss, Mamacita, Forest Animal и Tropical Mirage, по 320 денари.